Новајлијата во Премиер лигата фудбалскиот клуб Норич се наоѓа во сериозна криза која ги фрли на дното на табелата. Јасно е дека „канаринците“ ќе имаат тешка задача во вториот дел од првенството да изборат опстанок.
„Кога во првите 20 рунди имате само 13 бодови, тогаш треба да се биде искрен и ќе кажам дека ќе ни биде потребно чудо за да опстанеме. Но едно е сигурно, не треба да се потцени ставот и духот на моите момци“, рекол менаџерот Даниел Фарк.
Норич во моментов се оддалечени шест бода од зоната која обезбедува опстанок во Премиер лигата. Можноста да го зголемат бодовното салдо ќе имаат денес против Кристал Палас. Натпреварот ќе започне во 18.30 часот.