Фудбалскиот клуб Лацио им се закани со тужба на челниците на Серија А доколку тие решат да стават крај на сезоната и да го прогласат Јувентус за шампион.
„Дербито дела Италија“ помеѓу Јувентус и Интер што се одигра без гледачи е последниот одигран натпревар во Серија А. Сезоната потоа беше прекината поради коронавирусот.
Во Италија постои желба сезоната да продолжи, меѓутоа ситуацијата на терен е поинаква.
Се шпекулира дека оваа сезоната повеќе нема да се игра фудбал на Апенините. Во една таква ситуација постои предлог за кој упатените тврдат дека ќе биде прифатен. Предлогот е да се прогласи крај на сезоната, а титулата да им се додели на играчите на Јувентус.
Ваков решение нема да прифатат во Рим. Портпаролот на Лацио Артуро Диаконале рекол дека сезоната мора да продолжи, во спротивно клубот ќе ја тужи Серија А.
„Доколку оваа сезона не заврши на нормален начин, тогаш уништена ќе биде и наредната бидејќи одлуката ќе биде оспорена на суд. Се надеваме дека на теренот ќе биде решено кој ќе биде победникот, а кој поразениот. Кој ќе оди во рајот, а кој во пеколот. Доколку сезоната биде прекината сигурно ќе одиме на суд, а тоа нема на никого да му донесе добро, ќе биде уништена и наредната сезона“, рекол Диаконале.
На табелата во Серија А води Јувентус со 63 поени, Лацио има 62, Интер 54, Аталанта 48, Рома 45.