Top Sport

Ќе помине, или нема – „Л’Екип“ и „Оле“ во војна

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ јасно посочува на денешната страница дека Лео Меси „нема да помине“ преку француската одбрана во утрешното прво осминафинале на Мундијалот во Русија (16.00 часот).

„Л’Екип“ со наслов „No pasará“ (нема да помине) јасно порача дека главната цел на Французите ќе биде да го сопрат Меси, но тие веднаш добија одговор од аргентинскиот спортски весник „Оле“. Тие ја преземаа истата фотографија и само го одземаа „No“.

„Од оваа страна на барата, каде што сѐ чини двојно или тројно повеќе, ние секогаш одиме напред. Меси можеби порасна во Европа, но има аргентинска крв и ќе го покаже тоа. Затоа ја ставивме ’насловната’ на насловната на ’Л’Екип’. Ќе се случи, ’Л’Екип’, Лео ќе помине“, напишаа во „Оле“.

Scroll to Top