Top Sport

Рускиот гувернер тврди: Германската елиминација е казна за двете светски војни!

Гувернерот на областа Липетск во централна Русија, Олег Королев е на мета на критики во својата татковина, откако на Твитер изјави дека испаѓањето на Германија во натпреварите по групи на Мундијалот е казна за двете светски војни кои оваа држава ги предизвика.

Королев над две децении е гувернер на областа Липетск.

„Германија беше исфрлена неславно од Мундијалот поради тоа што на светот им дадоа две светски војни на оваа земја и душите на милионите убиени жртви се одмаздуваат и ќе продолжат да се одмаздуваат. Историјата и времето го покажа тоа“, напиша Королев на Твитер во петокот.

Контроверзниот пост беше избришан неколку часа подоцна и сега 66-годишниот Королев се правда дека тоа го направиле „хакери“.

„Некој повторно го презеде мојот Твитер акаунт, нешто за Германците и фудбалот. Очигледно, тој некој е љубоморен на мојата соработка со Германија (заеднички бизниси и инвестиции)“, додаде подоцна Королев.

Сепак, во подоцнежна изјава за „Лајф њуз“, тој остана на своето.

„Нема што да се разговара. Твитер е емотивна работа“, изјави Королев.

Scroll to Top