Легендарниот тренер Хари Реднап смета дека Тотенхем има силен тим и дека може да се вмеша во борбата за титулата во Премиер лигата. Тотенхем импресионираа во неделата со убедливата победа над Манчестер Јунајтед од 6:1.
„Ако ме прашувате, мислам дека Тотенхем може да ја заврши сезоната меѓу најдобрите четири екипи во Премиер лигата. Мислам дека дури може и да ја освои титулата“, рекол Реднап.
„Знам дека луѓето ќе речат дека сум луд, но погледнете го нивниот состав. Изгледа дека сезонава се ќе биде отворено, овој викенд покажа дека се е можно. Ви велам Тотенхем има опасен тим, на сите позиции се добро покривени. Ако некој може да ги изненади Ливерпул и Сити тоа се Спарси“.
Тотенхем во првите четири кола имаат две победи, реми и пораз.