Top Sport

Ќе се намали бројот на клубови во Лига 1

Заедницата на клубови донесе одлука, елитната Лига 1, од сезоната 2023/2024 да брои 18 клубови.

Француската Лига 1, прва донесе одлука да го намали бројот на клубови поради пренатрупаниот распоред, ни и поради финансиските проблеми со кои се соочуваат клубовите. Наместо 20, од сезоната 2023/2024 ќе се натпреваруваат 18 тимови, што значи дека сезона претходно од Лига 1 ќе испаднат четири клуба.

Лига 1 нема да биде единствена која ќе го намали бројот на клубови. На оваа тема во наредните денови, серизна дискусија најавија од италијанската Серија А.

Scroll to Top