Top Sport

Ќе се одигра дуелот Јувентус-Наполи?

Јувентус сепак нема со службен резултат да го добие натпреварот против Наполи кој не се одигра во неделата. Наполитанците поради забраната на здравствените власти на регионот Кампања беа спречени да се појават во Торино.

Пред натпреварот двајца од тимот на Наполи (Зјелиснки и Елмас) беа позитивни на коронавирусот.

Наполи поради препораките на регионалнте власти не се појави во Торино. Италијанските медиуми најавуваа дека Јуве ќе го добие мечот со 3:0, а Наполи ќе биде казнет со одземање на еден бод.

Три дена подоцна истите тие медиуми најавуваат дека натпреварот сепак ќе се одигра. Наводно сите страни преговараат бараат најдобро решение. Се шпекулира дека дуелот би можел да се одигра на 13 јануари наредната година.

Scroll to Top