Top Sport

Милик до јануари ќе седи на трибините

Аркадијуш Милик тераше инает цело лето, ги одбиваше сите понуди кои му се нудеа за да го напушти Наполи, а на крајот лошите одлуки му се „удрија од глава“. Полјакот е пречкртан во клубот од „Сан Паоло“.

Италијанските медиуми објавија дека Наполи не го пријавил Милик за настапите во Серија А и Лига Европа, што значи дека до 1 јануари ќе седи на трибините. Милик на потешкиот начин дозна дека некогаш е невозможно да се тера инает со клубот.

Милик пред четири години од Ајкас за сума од 32.000.000 евра пристигна во Наполи. Кариерата во овој клуб му ја обележаа повредите, сепак успеа да настапи на 122 натпревари и да постигне 48 голови.

Scroll to Top