Top Sport

Ќе се одложи мечот Албанија – Англија поради недостаток на полицајци?

Квалификацискиот дуел за Светското првенство меѓу Албанија и Англија што треба да се одигра во Тирана во недела би можело да биде одложен. Неофицијално, се работи за безбедноста.

Како што порачаа од Фудбалскиот сојуз на Албанија постои ризик за одложување на оваа средба поради „недостаток на полициско обезбедување“.

Наводите се дека можно е да не може да им се гарантира безбедност на двете репрезентации поради недоволниот број полицајци, а тоа одложување би имало „катастрофални“ последици за земјата, тврдат оттаму.

„ФС на Албанија денеска доби допис од локалната Управа на полицијата на Тирана во кој се наведува дека тие не можат да гарантираат спроведување потребни мерки пред, за време на и по мечот Албанија – Амглија. Соочени се со ситуација во која државните власти не реагираат на барањето ма ФС на Албанија да обезбедат периметар околу националниот стадион. Одлагањето на мечот со Англија би имало катастрофални последици по угледот и имиџот на државата, селекцијата и албанскиот фудбал воопшто“ стои во соопштението на Сојузот.

Иако мечот ќе се игра без присуство на публика, од Сојузот се загрижени дека сите околни барови и ресторани ќе се полни затоа што во земјата нема забрани од таков вид, поради пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top