Top Sport

Ленард купи вила со поглед на Пацификот, вредна 17 милиони долари

Се простира на 12.000 квадратни метри, има кино за 10 луѓе, вински подрум со 960 шишиња, прекрасен поглед на Тихиот океан, на 20 километри од центарот на Лос Анџелес.

Вака може да се опише накратко вилата што НБА кошаркарот Кавај Ленард (29) ја купи во Лос Анџелес. Тој со Клиперси потпиша во 2019-та година тригодишен договор со екипата, а во договорот има клаузула во третата година да има опција да го раскине договорот. Според она што може да се забележи, Ленард нема таква намера.

За ова неверојатно здание екс-шампионот од Торонто Репторс плати 17 милиони долари.

Ленард од договорот со Клиперси ќе заработи 103 милиони долари, па оваа луксузна вила за него не е некој голем трошок.

Погледнете ја:

Scroll to Top