Top Sport

Ќе се прекине првенството во Италија?

Сезоната во Серија А би можела целосно да биде запрена по последните мерки што ги презеде владата на Италија. Во 11 провинции е прогласен црвен аларм, што значи дека движењето и собирите се сведени на минимум.

Со последната одлука на владата затворени се училиштата, вежбалните, базените, театрите, музеите…

По оваа одлука на владата, претседателот на Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Италја, Дамјано Томаси, побарал да бидат стопирани натпреварите во Серија А.

„Треба да го прекинеме првенството. Што би требале да направиме? Стоп за фудбалот“, напишал Томаси на „Твитер“.

Денес на програмата во Серија А се пет натпревари, но не е исклучено дуелите Парма-СПАЛ, Милан-Џенова, Сампдорија-Верона, Удинезе-Фиорентина и Јувентус-Интер повотрно да бидат одложени.

Scroll to Top