Top Sport

Ќе се случи невозможното – Реал без засилувања ова лето?

Шпанскиот спортски весник „Марка“, познат по својата блискост со Реал Мадрид, тврди дека ќе се случи „невозможното“ – „кралскиот клуб“ ќе остане без засилување во летниот преоден рок.

Тоа што изгледаше како нешто неверојатно, сега можеби ќе се оствари поради финансиските рестрикции на клубовите поставени од Ла лига, и секако паричните проблеми поради корона вирусот. Како и повеќето големи клубови, „кралевите“ загубија огромен приход од билетите, од посетите на нивниот музеј, но во клубот се надеваат дека со намалувањето на платите на директорите и фудбалерите ќе се преброди кризата.

Во Мадрид очекуваат следната сезона да загубат околу 150 милиони евра од играње без публика, така што сите планови за големи засилувања засега се ставени на „пауза“, а тие фудбалери за кои беа посебно „загреани“ биле информирани дека ќе треба да почекаат.

Ерлинг Халанд и Едуардо Камавинга се две имиња кои најчесто се споменуваа последните месеци, но не и единствените, тука е желбата да се донесе Пол Погба, па и Нејмар.

Заедно со фудбалерите во Б-тимот на Кастилја, и тие кои се пратени на позајмица, Реал Мадрид може да ја стартува 2020/21 со 40-тина фудбалери и главен проблем ќе биде како да се ослободат од дел од поискусните фудбалери кои би ги пратиле на позајмица. Хамес Родригез има превисока плата за да биде пратен на позајмица, додека Герет Бејл не размислува за трансфер, како што најави неговиот агент – тој планира да го исполни договорот со клубот.

Scroll to Top