Top Sport

Ќе згасне Хајдук 2, клубот ќе отпушти 19 фудбалери

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит ќе го расформира вториот тим. На клупското Собрание, ова го објави претседателот Лука Јакобушиќ. Тој рекол дека со оваа одлука клубот ќе може полесно да работи, во услови кога Хајдук е соочен со големи финансиски проблеми.

„Пред пет дена побаравме Хајдук 2 да биде расформиран. Годишните трошици се околу 10,9 милиони куни. Дел од трошоците, поради договорите, ќе останат и до наредното лето. Оваа одлука ја донесовме откако направивме детална анализа на работата на Академијата. Во моментов во Хајдук 2 има 41 фудбалер“, рекол Јакобушиќ.

Претседателот на Хајдук рекол дека од 17 фудбалери ќе бидат позајмени во други клубови, а со 19 ќе бидат раскинати договорите.

Хајдук 2 се натпреварува во Втората лига на Хрватска.

Scroll to Top