Top Sport

Кјелини: Би било ужасно Конте да стане тренер на Интер

Ветеранот на Јувентус, Џорџо Кјелини уште го цени премногу својот поранешен тренер Антонио Конте и би „мразел“ доколку тој биде новиот тренер на Интер.

Конте, кој беше тренер на Јувентус од 2014 по заминувањето од селекторската позиција на Италија до 2016, кога замина за Челси, е главен фаворит за клупата на „нераѕурите“. Кјелини беше дел од тој тим со кој Конте освои три титули во низа во Серија А и вели дека не му е сеедно дали тој ќе биде тренер на Интер.

„Искрено, би мразел да го видам таму, но тоа е дел од животот. Сите сме професионалци, но ќе биде многу чудно да го видам во Интер. Не се работи за критика, сите знаат дека имам посебна врска со Антонио. Се надевам дека ќе му оди добро, но ќе се надевам дека ќе загуби. Кога беше тренер на Челси навивав за нив, но за Интер не можам“, вели Кјелини за „Тутоспорт“.

Scroll to Top