Top Sport

Зверев, конечно, во финале!

Германецот Александер Зверев ги остави проблемите зад себе и се пласираше во финалето на Женева опен по тешката 7:5/6:7(6)/6:3 победа над Аргентинецот Федерико Делбонис. За титулата пред стартот на Ролан Гарос, Зверев ќе игра со одличниот Чилеанец Николас Жари, кој со 6:3/6:4 го совлада Молдавецот Раду Албот.

Во Лион пак, младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алиасим ќе игра за првиот трофеј во кариерата по 2:6/7:6(3)/6:4 победата над Николоз Базилашвили. За противник ќе го има Французинот Беноа Пер, кој со 6:4/6:2 го „збриша“ Американецот Тејлор Фриц.

И дамите ги играат последните турнири пред Франција опен. Во финалето во Стразбур ќе играат Украинката Дајана Јастремска и Французинката Каролине Гарсија. Јастремска со 6:4/6:2 беше подобра од Белорусинката Арина Сабаленка, додека Гарсија со 6:3/6:4 ја победи сонародничката Клое Паке.

На Нирнберг опен пак, во финалето ќе играат Казахстанката Јарослава Путинцева и Словенката Тамара Зиданшек. Путинцева со 6:4/7:5 беше подобра од Романката Кирстеа, додека Зиданшек до првото финале во кариерата стигна по 7:6(4)/6:2 победа над Чехинката Синијакова.

Scroll to Top