Top Sport

Кјелини е „ЗА“ Суперлига Европа: Време е за промени!

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини истакна дека тој е еден од фудбалерите кои ќе го поддржат новото натпреварување кое ќе ја замени Лигата на шампоните.

„Уште пред 5 години му реков на Андреа Ањели (претседателот на Јувентус) дека очекуван секој викенд да играм против Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен… За играчите на највисоко ниво, тоа е неопходно“ вели Кјелини.

Искусниот стопер на „Старата дама“ вели дека време е за промени.

„Сакам да видам големи промени, можеби нов формат на Лигата на шампиони. Мора да го унапредиме производот“ смета Италијанецот.

Во однос на Ван Дајк и Серхио Рамос, Кјелини смета дека е во подредена положба.

„За да победите во битките со напаѓачите, мора да сте песимист и да го очекувате најлошото. Андреа Барзаљи и јас немаме толку високо ниво како Рамос и Ван Дајк. Јас сум по природа повлечен и срамежлив, но на теренот сум подготвен да сторам било што за екипата да победи. Многу сакам да победувам, а адреналинот посебно ми проработува кога ќе блокирам шут на противнички играч. Тоа е поинаков тип на радост за разлика од постигнувањето гол. Дадов гол со Барселона во четвртфинале од ЛШ, но тоа ми донесе помала радост од шутот што му го блокирав на Хари Кејн во 89 минута, по кој најверојатно ќе паднеше гол“ – рече Кјелини.

Scroll to Top