Top Sport

Кјелини го продолжи договорот со Јувентус

Џорџо Кјелини го продолжи договорот со Јувентус. Капитенот и во наредните две сезони ќе го носи дресот на „старата дама“ од Торино.

Договорот на Кјелини истече по завршувањето на сезоната. Во меѓувреме со Италија стана европски првак, што беше јасен знак за челниците да го задржат капитенот.

„Кјелини е пример на се што претставува Јувентус како клуб. Неговиот однос и сјајните игри во изминатите 16 години, му обезбедија нов договор“, објави Јувентус.

Џорџо Кјелини одиграл 535 натпревари за „старата дама“. Кариерата ја започна во Ливорно, а пред да се пресели во Јувентс го носел дресот на Фиорентина.

Scroll to Top