Top Sport

Федерер е Мајкл Џордан на денешницата

Роџер Федерер заработи 77.2 милиони долари од наградните фондови на турнирите и од рекламите од мај 2017 до мај 2018 година според податоците на магазинот „Форбс“, со што уште еднаш докажа дека е вистинска „машина за пари“.

Оваа сума ќе стане уште поголема, бидејќи според шпекулациите десетгодишниот договор со „Уникло“ до 2028 година ќе му донесе уште 300 милиони долари, а во септември тој доби уште еден спонзор во производителот на куфери „Римова“ .

Во споредба со него, Рафаел Надал заработи 27 милиони долари, со многу помалку реклами од Швајцарецот и финансискиот експерт на „Капитал.ес“, Алфонсо Алкантара го има одговорот.

„Најмногу би заработувал тенисер кој е комбинација на Федерер и Надал. Федерер е џентлмен, спортист кој одговара на сите краишта на светот. Да беше од Северна Америка, тој ќе заработуваше многу повеќе пари од Леброн Џејмс, бидејќи таму има многу повеќе пари. Добра споредба на Федерер е со Мајкл Џордан – правеше сѐ добро, беше фелксибилен, природен, никој не можеше да каже нешто лошо за него. Неговата сопруга Мирка, на пример, е нормална девојка. Доколку сте спонзор, знаете дека на него можете да се обложите, победите или поразите нема да го променат“, вели Алкантара.

Scroll to Top