Top Sport

Кјелини: Јувентус е обединет пред клучните мечеви

Џорџо Кјелини по шест месеци пауза се врати во акција за Јувентус и вели дека клубот и фудбалерите се обединети пред клучните мечеви во фудбалската сезона.

Кјелини го замени Леонардо Бонучи во 77. минута во 2:0 победата над Бреша, добивајќи овации од навивачите на „бјанконерите“ и тој признава дека е пресреќен што повторно игра.

„Најлошиот дел заврши, сега доаѓа најтешкиот. Денеска ми беше потребен шок од енергија и благодарност до фановите за тоа. Сега морам да работам напорно и да им помогнам на моите соиграчи“, вели Кјелини.

Последните неколку недели не беа најдобри за Јувентус, но 35-годишниот ветеран вели дека не е така како што изгледа.

„Најдов тим кој е прв во лигата, со добар резултат во Копа Италија и во осминафиналето на Лигата на шампионите. За тоа можам само да се заблагодарам на моите соиграчи за тоа што го направија овие пет и пол месеци. Сега сум тука да им помогнам“, вели Кјелини.

Scroll to Top