Top Sport

Пред два дена му се роди син, денеска Алдервајрелд „даде хет-трик“!

Жозе Мурињо вели дека се чувствува како неговиот дефанзивец Тоби Алдервајрелд да постигна хет-трик против Астон вила, откако тој беше вклучен во три од петте гола постигнати при драматичниот 3:2 триумф нагости.

Белгиецот го отвори резултатот со автогол, пред да даде чудно ефективен гол на другата страна. Пред само два дена, сопругата на Алдервајрелд, Шани се породи со нивното второ дете, така што може да му се прости што беше малку „замајан“.

„На некој начин тој постигна хет-трик! Автоголот, неговиот гол и потоа кога го загуби дуелот со Енгелс. Но, мислам дека оваа недела го даде ударот на неговиот живот со новото бебе“, вели Мурињо.

Алдервајрелд е постојан првотимец за Тотенхем оваа сезона, одигрувајќи цели 90 минути во 25 од 26-те меча во Премиер лигата. Тој беше постојано поврзуван со Манчестер јунајтед кога таму беше Мурињо, така што не изненадува што е клучен човек на Португалецот.

„Минатата недела беше неверојатна со раѓањето на мојот син, но искрено не спиев многу. Кога ја направив грешката беше тешко за мене, но за среќа бргу се созедов. Ова е голема победа за нас“, вели Алдервајрелд.

Тотенхем доби „подарок“ во 94. минута за победа над Астон вила! (видео)

Scroll to Top