Top Sport

Кјелини: Не е дека немавме шанси, 32 пати шутнавме!

Ветеранот Џорџо Кјелини не можеше да ја објасни елиминацијата на Италија од Македонија во лудиот меч во Палермо, правдајќи се дека го дале максимумот и дека биле доминантни пред нашиот гол.

„Тешко е да се објасни, мислам дека имавме добар натпревар и само не дадовме гол. Не мислам дека бевме надмени. Направивме грешки од септември до сега и плативме за нив. Горд сум на моите соиграчи, сега мораме да се рестартираме и да мислиме на иднината. Се надевам со истиот селектор, кој даде толку многу на ‘национале’. Не е дека немавме шанси, дури 32 пати шутнавме, а не ризикувавме ниту назад. Мислам дека го дадовме максимумот и се надевавме на подобар резултат“, вели Кјелини за „РАИ“, по што одби да каже дали ова беше неговиот последен меч во дресот на „аѕурите“.

Scroll to Top