Џорџо Кјелини по шест месеци се врати во тимот на Јувентус. Тој осигра 15 минути во вчерашната понеда на Јувентус над Бреша (2:0).
Кјелини се повреди во првото коло кога со неговиот гол Јувентус ја победи Парма. Јасно е дека ќе биде големо засилување за тимот до крајот на сезоната.
Сепак начинот на кој што тој влегол на теренот е реткост, особено за сериозен тим каков што е Јувентус.
Капитенот на Јувентус самиот ја извршил змената, тоа го потврдил и тренерот Маурицио Сари.
„Да бидам искрен Кјелини самиот ја изврши измената. Тој застана крај мене подготвен да влезе во игра…Ден претходно побара да добие десет минути на овој натпревар. Не можев да го одбијам“, рекол Сари.