Поранешниот фудбалер на Јувентус Џорџо Кјелини се врати во италијанскиот клуб во улога на менаџер.
„Се вратив дома, во друга улога, Јувентус е дел од мене“, објави денеска Кјелини на социјалните мрежи.
Тој ќе ја извршува административната улога на директор за институционални односи во Јувентус.
Со Јувентус, за кој одигра 561 натпревар и постигна 36 гола, Кјелини освои девет титули во Серија А, пет пати го освои Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите (2015, 2017).
Кјелини ја заврши својата кариерата минатата година во дресот на Лос Анџелес.