Легендарниот стопер на Јувентус, Џорџо Кјелини, по 18 години го напушти клубот, кариерата ќе ја продолжи во САД, во Лос Анџелес.
Кјелини наскоро ќе наполни 37 години. По младинскиот стаж во Ливорно, една година помина на позајмица во Фиорентина, а член на Јуве стана во 2004 година.
Со црно-белите од Торино освои девет титули во италијанскиот шампионат, пет пати беше освојувач на Купот на Италија, не успеа да ја освои титулата во ЛШ.
Ќе заработува многу помалку отколку во Јувентус. Според проценките на „Атлетик“, неговата плата во редовите на Лос Анџелес не може да биде поголема од 1.540.000 евра.
Тој во клубот од Калифорнија ќе остане до 23 декември следната година.
Кјелини неодамна стави крај на репрезентативната кариера. За Италија одигра 117 натпревари. Повеќе настапи за националниот тим од Кјелини имаат само Џанлуиџи Буфон, Фабио Канаваро и Паоло Малдини. Минатото лето со Италија стана европски првак.
✍️ OFFICIAL: @chiellini ➡️ @LAFC ?? pic.twitter.com/lMOFFNss8s
— 433 (@433) June 12, 2022