Top Sport

Кјелини замина во пензија

Во финалето на плејофот на МЛС, Колумбус го совлада Лос Анџелес со 2:1. Џорџо Кјелини во финалето го одигра последниот натпревар во кариерата.

Договорот на Кјелини со Лос Анџелес истекува на 31 декември, а 40-тиот роденден кој ќе го прослави на 14 август следната година, планира да го дочека како пензионер.

Киелини дојде во Лос Анџелес во летото 2022 година, по десет сезони минати во Јувентус и со 117 одиграни натпревари за Италија. За клубот од „Градот на ангелите“ одигра 43 натпревари и постигна еден гол.

Кјелини е единствен во Италија како шампион на три лиги. Тој ја освои Серија Ц со Ливорно во 2001/02, и Серија Б со Јувентус во 2006/07, со „старата дама“ освои девет шампионски титули во Серија А и по пет пет трофеи во Купот и Суперкупот на Италија.

Со Лос Анџелес ја освои МЛС 2022 година.

Scroll to Top