Top Sport

Кјелини започна нова кариера во Лос Анџелес

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини (39) ја заврши кариерата на 12 декември минатата година во дресот на Лос Анџелес. Италијанецот е назначен за тренер во стручниот штаб на Стив Черундоло во развојниот тим на овој клуб кој се натпреварува во посебна лига наречена МЛС некст.

Киелини во градот на ангелите пристигна од Јувентус во јуни 2022 година, а последен меч во кариерата му беше против Колумбус (1:2) во финалето за шампионската титула во МЛС.

За Лос Анџелес одигра 45 натпревари, 38 како стартер и постигна еден гол. Претходно играше за Јувентус од 2004 година до заминувањето во САД (561 натпревар, 36 гола).

Scroll to Top