Данецот Симон Кјер ќе добие продолжување на договорот со подобрена плата во Милан, каде што може да стане и капитен, додека „росонерите“ сега чекаат на Реал Мадрид за можноста да го донесат на „Сан Сиро“ и „отпишаниот“ Иско.
32-годишниот Кјер пристигна во Милан од Севилја на позајмица во јануари 2020, по што трансферот беше направен постојан за 3.5 милиони евра, и стана еден од најпостојаните играчи на Стефано Пиоли и затоа тој ќе добие покачување на платата (од 1.2 на 1.5 милиони евра по сезона), и најверојатно ќе го замени Алесио Ромањоли како капитен на тимот.
„Росонерите“ исто така планираат уште едно засилување ова лето по пристигнувањето на Оливие Жиру од Челси, откако се верува дека Реал Мадрид се подготвени да го пратат Иско во Италија за сума од околу 15 милиони евра. 29-годишниот Иско последната сезона не се наигра во Реал, а „кралевите“ би сакале да се ослободат од неговата висока плата од 6 милиони евра по сезона.