Дони ван де Бек е пред трансфер во Манчестер јунајтед за 40 милиони евра по „паѓањето“ на договор со Ајакс, по што британските таблоиди како главна тема ја „фатија“ неговата девојка и ќерка на поранешната ѕвезда на Арсенал, Денис Бергкамп, Естеле Бергкамп.
23-годишниот Ван де Бек се сретнал со 24-годишната Естеле во Амстердам, и сега англиските медиуми тврдат дека таа ќе се пресели со него во Манчестер. Бергкамп ја играше првата сезона со Арсенал, кога тој и неговата сопруга Хенрита ја добија Естеле, која е родена во Лондон, каде што Бергкамп ќе остане 11 години.