Top Sport

Ќерката на Роналдо ќе се вика Алана Мартина

И покрај шпекулациите за наводното неверство на Кристијано Роналдо, тој заедно со својата девојка Георгина Родригес го откри името на неговата неродена ќерка.

Преку порака на Инстаграм, која подоцна беше избришана, Роналдо заедно со Родригес објавија дека нивната ќеркичка ќе се вика Алана Мартина.

„Јас го избрав првото име, а Џио го избра второто“, откри 32-годишниот Роналдо.

Ова ќе биде четврто дете на Роналдо, но прво со Родригес. Роналдо има седумгодишен син Кристијано јуниор и близнаци кои беа родени во јуни (Матео и Ева), околу кои беше доста таинствен и долго време не го објавуваше нивното име.

Oваа објава исто така треба да се гледа и како демант на шпекулациите на португалските медиуми дека Роналдо бил неверен со една португалска ѕвезда од реални шоуа.

Португалските таблоиди тврдат – Роналдо ја мамел Георгина

Scroll to Top