Top Sport

Португалските таблоиди тврдат – Роналдо ја мамел Георгина

Кристијано Роналдо имаше уште една фантастична недела во која втора година по ред го „собра“ трофејот за најдобар играч во минатата сезона, меѓутоа португалските таблоиди го поставија на насловната страница поради поинаква причина.

Магазинот „ТВ гајд“ тврди дека ѕвездата на Реал Мадрид ја мамел својата бремена девојка Георгина Родригез.

Според нив, Роналдо поминал една вечер со Наташа Софија, 21-годишна Португалка која стана позната како учесничка на реалното ТВ-шоу „Љубов на врвот“. Таа тврди дека поминала „интензивна“ ноќ со Роналдо во хотел каде што имача „секс со најдобриот на светот“. По ова, тој ѝ дал 300 евра за такси. Останува да се види дали има вистина во овие шпекулации, или девојката само сака да предизвика внимание (што засега ѝ успева).

 

Scroll to Top