Top Sport

Ќерката на Стерлинг му пее песни за Мо Салах!

Рахим Стерлинг минатата година призна дека нема многу љубов кон својот поранешен клуб Ливерпул, но оваа година тој и неговите Манчестер сити се далеку на второто место во Англија зад „црвените“, нешто што ја радува неговата шетгодишна ќерка Мелоди Роуз Стерлинг.

Стерлинг во интервју за шпанскиот „АС“ признава дека неговата ќеркичка постојано го нервира со песни за Мо Салах.

„Таа има сличен карактер со мене и сака да се расправа, и да ми пее песни за Мо Салах. Знае дека ривалството помеѓу Ливерпул и Сити е големо, така што секогаш со песни се обидува да ме нервира“, вели Стерлинг.

Стерлинг стана најскапиот англиски трансфер во историјата кога замина од Ливерпул за Сити, рекорд кој падна минатото лето со трансферот на Хери Мегвајр во Манчестер јунајтед.

Стерлинг: Никој не сака Ливерпул да е шампион

Scroll to Top