Top Sport

Ди Марија не може да ги поднесе Манчестер јунајтед ниту на телевизија

Навивачите на Манчестер јунајтед немаат најдобри сеќавања од Анхел ди Марија во дресот на „ѓаволите“, но очигледно и Аргентинецот не може да го смисли својот поранешен тим, ако му се верува на неговиот соиграч, голманот Марсин Булка, кој открива интересна ситуација.

„Ди Марија навистина ги мрази Манчестер јунајтед и нема ниту едно добро сеќавање од сезоната која ја помина таму. Ако се појави нешто поврзано со Манчестер јунајтед на телевизија, тој веднаш бара да се смени“, открива Булка во интервју за полскиот Јутјуб канал, „Фут трак“.

Ди Марија стигна на „Олд Трафорд“ со рекорден трансфер од 59.7 милиони фунти од Реал Мадрид во август 2014, пред само една сезона подоцна да замине во ПСЖ. Минатата сезона тој се врати на овој стадион за ПСЖ да стигне до 2:0 победа во февруари, кога беше гаѓан со шише пиво. Во реваншот во Париз, Јунајтед направи сензација и го елиминираше ПСЖ.

Scroll to Top