Top Sport

Ќиро за смената на Муслин: Претседателот на Сојузот би го пратил на психијатар

Мирослав Ќиро Блажевиќ, еден од најдобрите тренери на просторите на поранешна Југославија, човек кој со Хрватска го освои третото место на Светското првенство во 1998 година, има интересно видување за смената на селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Славољуб Муслин.

Србија под водство на Муслин успеа да го освои првото место во својата квалификациска група и да избори директен пласман на Светското првенство. Србија последен пат на едно големо натпреварување играше во 2010 година на Мундијалот во Јужна Африка.

Сепак Муслин замина од селекторската функција, откако по долгите разговори со претседателот Славиша Кокеза, спогодбено го раскина договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија

Наводно, челниците на Сојузот имале замерка на дефанзивната тактика која ја форсирал Муслин, како и тоа што не ги повикувал во репрезентацијата младите таленти Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Андрија Живковиќ од Бенфика.

Заминувањето на Муслин на свој оригинален начин го прокоментирал Ќиро Блажевиќ.

„Мене тој Славиша да ми дојдеше со таква идеа, би го испратил на психијатар. Вие Србите знаете да правите глупости, но ова ги преминува сите граници. Вече сте правеле слични работи. Тоа е аномалија, а вое Србите често го правите тоа“, изјавил Ќиро за српски „Курир“.

Поради се што се случува во репрезентацијата, Блажевиќ не е оптимист дека Србија може да оствари некој позначаен резултат на Светското првенство.

„Не сум оптимист. Со оглед на тоа што се случува кај вас бргу ќе се вратите дома од Русија. Експресно ќе се вратите“, заклучил познатиот хрватски тренер.

Scroll to Top