Top Sport

Велкоски не застанува со Сараево

Крсте Велкоски повторно постигна гол за Сараево за да помогне во 2:0 победата на гостувањето кај ГОШК во Габела за осма победа во шампионатот и зацврстување на четвртото место на табелата.

Сараево поведе уште во осмата минута преку Мерсудин Ахметовиќ по одличното пробивање на Сариќ од десната страна. Четвртата победа во низа за Сараево ја запечатува Велкоски во 71. минута од игра.

Тимот на тренерот Хусреф Мусемиќ има 26 освоени поени по 14 кола во Првата лига на БиХ, пет помалку од Широки Бријег и Зрињски, и три помалку од лутите градски ривали Железничар.

Scroll to Top