Top Sport

Клајверт го врати Нани во Европа

Португалец Нани (36) зад себе има тешка сезона во Австралија. Нани поради проблеми со повредите, за Мелбурн одигра само девет натпревари. И покрај тоа што има 36 години за нго се уште постои интерес во Европа.

Како што објавија турските медиуми, поранешниот репрезентативец на Португалија ќе потпише едногодишен договор со Адана, што значи дека по седум години се враќа во тамошната Суперлига.

Да потсетиме, Нани го носеше дресот на Фенербахче од јули 2015 до јули 2016. Интересно, тогаш Фенер го донесе од Манчестер Јунајтед за 6.000.000 евра, а го продаде на Валенсија за близу 9.000.000.

Адана има интересен и амбициозен проект. Патрик Клајверт беше ангажиран за тренер на крајот на минатиот месец, а токму Холанѓанецот инсистираше на доаѓањето на Нани.

Следна цел, пишуваат Турците, би требало да биде Раул Хименез (32) од Вулверхемптон.

Scroll to Top