Серхио Рамос, ова лето, по две години, како слободен играч го напушти ПСЖ. Легендарниот дефанзивец се поврзува со неколку клубови. Интерес за него покажаа клубови од Саудиска Арабија, а во еден период медиумите го поврзуваа со Интер Мајами.
Интер, во преодниот рок се засили со тројца поранешни играчи на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
„Ел Насионал“, тврди дека Меси поддржан од Бускетс и Алба го стопирал трансферот на Рамос.
Меси и Рамос две години беа соиграчи во ПСЖ, но се чини дека никогаш не ги решија несолгасувањата кои настанаа како дел од големото ривалство меѓу Барселона и Реал.
Не беа пријатели ниту во ПСЖ, бидејќи Рамос застана на страната на кланот предводен од Килијан Мбапе.