Иако не се сретнаа во натпреварувањето кое им прилега, Лигата на шампиони, Барселона и Манчестер јунајтед приредија вистинска фудбалска претстава на „Ноу Камп“ во првиот меч од баражот во Лига Европа, одигрувајќи возбудливи 2:2.
Во првото полувреме полно со акција недостасуваа само голови, а изненадувачка беше одлуката на Чави Ернандез да го повлече Педри од игра по само дваесетина минути. Домаќините дојдоа во водство во 50. минута, кога Рафиња одлично го пронајде Маркос Алонсо од корнер. „Ѓаволите“ бргу вратија, секако, преку фантастичниот Маркус Рашфорд во 53. минута, за само три минути подоцна, Жил Кунде да ја смести топката во сопствената мрежа за водство на гостите.
Рафиња, кој беше еден од најдобрите на теренот за Барселона, во 76. минута упати еден опасен удар, кој ги помина сите и заврши во голот на Де Хеа. По ова, Барселона влезе во напад во обид да направи предност пред реваншот на „Олд Трафорд“, по што Касемиро ја погоди сопствената статива, а домаќините сметаа дека се оштетени за пенал по играњето со рака во шестнаесетникот.
Во другите мечви, Рома прими гол во 88. минута да доживее незгоден 1:0 пораз од Ред бул Салцбург, додека Ајакс и Унион Берлин одиграа реми без голови. Ниту во баражите за Конференциската лига нема големи победници, освен Фиорентина, кој со 4:0 славеше на гостувањето кај Спортинг Брага во Португалија.
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Барселона – Манчестер јунајтед 2:2
Ајакс – Унион Берлин 0:0
Ред бул Салцбург – Рома 1:0
Шахтјор Доњецк – Рен 2:1
КОНФРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Бодо/Глимт – Лех Познањ 0:0
Спортинг Брага – Фиорентина 0:4
Карабаг – Гент 1:0
Трабзонспор – Базел 1:0