Top Sport

Пораз на дублот Ѓоковиќ-Федерер (Видео)

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер прв пат во кариерите играа од истата страна на мрежата, но нивното деби во „Лејвер купот“, не беше успешно.

Ѓоковиќ и Федерер настапуваат за „Тимот на Европа“, запишаа пораз од Кевин Андерсон и Џек Сок со 6:7, 6:3, 10:6. Двајцата великани на „белиот спорт“ заедно имаат освоено 34 гренд-слем титули, меѓутоа на теренот не делува најдобро. Гледачите во Чикаго можеа да го видат и моментот кога Ѓоковиќ, со топчето в грб го погоди Федерер.

Со овој резултат „Тимот на светот“, успеа да го намали вкупниот резултат на 3:1. Претходно Григор Димитров го победи Франсес Тијафо, Кајл Едмунд беше подобар од Џек Сок, а Давид Гофан славеше над Диего Шварцман.

Вториот ден на „Лејвер купот“, Ѓоковиќ ќе игра против Андерсон, а Федерер против Кирјос.

Scroll to Top