Еден од најпознатите англиски судии, Марк Клатембург, открил дека имал физичка пресметка со колегата Мартин Еткинсон.
„Постоеше голема нетрпеливост помеѓу мене и Еткинсон. Игравме пет на пет во сала, јас стартував врз него. Тој ме удри, јас му возвратив. Од тој момент постоеше респект меѓу нас двајца, но немаше пријателство“, рекол 46-годишниот судија.
Клатенбург, кој ја напушти Премиер лигата и замина да суди во Саудиска Арабија, открил дека бил и под истрага за корупција.
„Некој ме пријави дека сум купил спортски автомобил. Сепак, истрагата бргу беше завршена. Никогаш во кариерата не сум имал никакво притисок да наместам натпревар“.
Марк Клатенбург, во кариерата, судел многу значајни натпревари, од кои се издвојуваат финалните натпревари во Лигата на шампионите и Европското првенство во 2016 година.