Top Sport

Клатенбург: Јирген Клоп е навистина чуден човек

Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург ја објави својата автобиографија „Свиркач“ (Whistle Blower), во која посебно го извдојува „необичниот“ однос со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Во извадоци од автобиографијата објавени на англискиот „Дејли мејл“, Клатенбург го опишува Клоп како „чуден човек“.

„Јирген Клоп. Брилијантен менаџер. Лош губитник. Првпат се сретнав со него во април 2014, кога неговата Борусија Дортмунд загуби 3:0 од Реал Мадрид во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите. По мечот, излегов од соблекувалната и дефанзивецот на Реал, Марсело и неговата сопруга побараа фотографија. Се работеше за приватна фотографија на нивниот телефон и не ми беше проблем. Клоп поминуваше и ми дофрли: ‘Ох, затоа загубивме, нели?’. Не се работеше за шега или пријателско дофрлање. ‘Среќен си што загубивте само со 3:0’, му одговорив. Ме нервира кога тренерите не можат да бидат големи кога ќе загубат. Клоп никогаш не сакаше да губи. Кога ќе победува, среќен е, забавен. Кога работите не се според неговото посакување, се лути“, пишува Клатенбург.

Тој ја објаснува и последна средба со Германецот.

„Последниот меч беше во јануари 2017 против Челси на ‘Енфилд’. Менаџерите ретко доаѓаат во соблекувалната за листата на играчи еден час пред стартот. Тогаш, Клоп влезе со Џордан Хендерсон. Беше бизарно, стоеше таму и ме зјапаше 30 секунди. На Џордан му беше непријатно. Дали мислеше дека сум глупав? Мислеше дека ќе се плашам од него? Си помислив: ‘Каков чуден човек’“, пишува судијата.

Scroll to Top