Top Sport

Клатенбург најавува револуционерна промена на правилата

Еден од најдобрите англиски судии Марк Клатенбург најави револуционерни промени во светот на фудбалот од страна на ФИФА.

Еден фудбалски натпревар трае 90 минути плус судиското надополнување на времето, но поради прекините и честите фаули, активната игра е се помала, а судиите, како што стојат работите, немаат решение за тоа.

Марк Клатенбург во колумна за „Дејли мејл“ вели дека на ова може да му дојде крајот, па натпреварите наместо 90 да траат 60 минути, но по потреба времето би било стопирано, како во кошарката.

„Тренерите секакви работи ми зборуваат по натпреварот, зошто сум продолжи две, а не три минути. Играчите протестираат, а навивачите ме нарекуваат со секакви имиња. Како да се виновни тие 60 секунди што не дошле до посакуваниот резултат. Ние судиите знаеме дека судскиот надополнување на времето е контроверзна тема. Тимот што води сака што помалку, а оној што губи што повеќе надополнување“, вели Клатенбург и додава.

„Мислам дека има решение за сето тоа, а тоа се 60 минути ефективна игра, со запирање на времето. Оваа идеја моментално ја разгледуваат Пјерлуиџи Колин, ФИФА и ИФАБ. Успешно се применува во кошарката, може да се примени и во фудбал.

„Времето би застанало кога топката ќе ја напушти играта или, на пример, кога повреда ќе предизвика прекин. Исто така кога судијата ќе даде жолт картон или ќе опомене некого. Така секој натпревар би траел исто и нема да има такви контроверзии“, заклучи Клатенбург.

Во оваа прилика тој изјави дека оваа сезона, во Премиер лигата, активно натпреварите се играат 55 минути.

Scroll to Top