Еден од најпознатите англиски фудбалски судии Марк Клатенбург пишува книга за спортските случувања. Пред таа да излезе од печат, „Дејли меил“ открива детали околу една расправија поврзана со судијата по победата на Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“ против Челси со 3-2.
„Знаев дека ќе биде тешко, навивачите на Челси ме `земаа на заб`. Не се оптоварував премногу со тоа, но тогаш доживеав страшни работи. Кога по мечот влегов во соблекувалната, слушнав голема врева пред вратата. Имаше и псовки. Кога излегов, Џон Оби Микел ме нападна, викаше дека ќе ми ги скрши нозете. Замавнуваше, се обидуваше да ме удри. Ме спасија редарите, не беше лесно, Микел е страшно момче. Околу мене имаше многу раце, а јас само гледав како да побегнам. Пишуваше дека на Оби Микел сум му рекол дека е мајмун. Ми беше одвратно дури и да го читам тоа, ме плаши тој речник. Дојдов дома, се заклулив, се изолирав. Подоцна во јавноста ме бранеше Сер Алекс Фергусон“ раскажа Клатенбург.