Top Sport

Почина најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем

Легендарниот англиски фудбалски напаѓач Џими Гривс, најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем почина во 81-та година од животот, објавија од лондонскиот клуб. Тој дресот на „петлите“ го носеше од 1961 до 1970 година и за тој период постигна 266 гола.

Во кариерата постигна вкупно 357 голови играјќи уште и за Челси, односно Милан.

Со „Гордиот Албион“ беше светски шампион во 1966 година, а за националниот тим постигна 44 гола.

Со Тотенхем освои ФА куп двапати и еднаш беше освојувач на Купот на победниците на куповите, во 1963 година. Дури шестпати беше прогласуван за најдобар стрелец во лигата.

Scroll to Top