Top Sport

Клатенбург призна дека му „помогнал“ на Реал, Атлетико се јави на Твитер (видео)

Атлетико Мадрид реагираше на социјалните мрежи откако англискиот судија Марк Клатенбург призна дека „помогнал“ на Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите во 2016 година.

Клатенбург за „Дејли мејл“ изјави дека голот на Реал Мадрид во првото полувреме не би требало да биде признат поради офсајд. Атлетико подоцна израмни на 1:1, но го загуби финалето со 5:3 по изведувањето од пеналите.

„Во финалето, Реал поведе со 1:0, но подоцна стана јасно дека голот е постигнат од мал офсајд. Го сфативме тоа на полувреме и ситуацијата беше тешка“, изјавил Клатенбург.

Во Атлетико, очигледно, ја следеле ситуацијата, и со само едно емоџи ја коментираа веста.

Scroll to Top