Top Sport

Клима-уредите на стадионите ги разболуваат фудбалерите, вели Антони

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и бразилската репрезентација, Антони, тврди дека иновативните стадиони со клима-уред на СП во Катар предизвикуваат болести кај фудбалерите, жалејќи се дека повеќе негови соиграчи имале кашлица и проблеми со грлото по мечевите. Антони не тренираше пред мечот со Швајцарција во понеделникот поради настинка, но влезе како замена во второто полувреме.

„Беше тешкко, бидејќи неколку дена не се чувствував најдобро. Се работи за болест на грлото. Мислам дека тоа е од клима-уредите на стадионот. И тоа не само кај мене, и други играчи имаа кашлица и проблеми со грлото. Но, и покрај, тоа јас сум достапен. Кога ќе им требам, јас сум тука“, изјави Антони за „ЕСПН Бразил“.

Покрај Антони, Лукас Пакуета и Алисон имале симптоми на грип во Катар. Осумте стадиони на кои се игра Мундијалот се опремени со компликуван модерен систем на разладување, со огромни вентилатори на покривите на стадионите. Иако е ноември, просечната температура во Катар е над 30 степени.

Scroll to Top