Јирген Клинсман, легендата на германскиот фудбал и поранешен селектор на Германија, САД и Јужна Кореа, бара да се укине правилото за пет замени.
Германскиот стручњак, кој до неодамна беше на кормилото на јужнокорејската репрезентација, смета дека правилото усвоено за време на пандемијата на коронавирус треба да се укине.
Тогаш на тимовите им беа дозволеми пет измени. Правилото продолжи да се применува и откако беше ставен крај на пандемијата.
„Герет Саутгејт рече дека планира да го замени Белингем непосредно пред Микел Ојарзабал да го постигне победничкиот гол во финалето на ЕП. Сега проблем за менаџерите е што со пет замени секогаш мислат дека можат да внесете „свежи нозе“ на теренот. Но мислам дека дури и ако некој играч е уморен, нозете се уште можат да направат разлика на теренот“, вели Клинсман.
Германскиот стручњак порача и дека треба да се врати старото правило.
„Го мразам тоа, затоа што сакам Белингем да се бори со заморот. Ако имаш правилен став, можеш да го направиш тоа. Имаш уморни нозе, но сепак можеш да направиш разлика. Прашај играч по 70 минути, дали е уморен?’ Сигурен сум дека е така, но тоа е само изговор поради правилото на Ковид, пандемијата заврши“, заклучи Клинсман.