Легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман, до крајот на сезоната ќе биде тренер на Херта од Берлин. На функцијата тој ќе го замени Анте Човиќ кој доби отказ поради серијата на лоши резултати.
Поранешниот селектор на Германија и САД, на почетокот на овој месец, стана член на управниот одбор на Херта. На синоќешната седница на управниот одбор тој ја добил довербата да ја води екипата.
Херта по 12 одиграни натпревар во Бундес лигата се наоѓа на 15 место со само 11 поени. Екипата од германската престолнина има четири порази на последните пет натпревари во првенството.
Клинсман како фудбалер во Бундес лигата настапувал за Штутгартер, Штитгарт и Баерн Минхен.