Јирген Клинсман, кој во 1990 година беше дел од германската репрезентација која го освои Светското првенство во Италија, вели дека неговата репрезентација не е фаворит за титулата во Катар и посочува на Бразил, како и многу други фудбалски стручњаци и фанови.
„Германија има добар млад тим и може да стигне далеку, можеби и до титулата. Меѓутоа, ако би морал да типувам, личен фаворит, кого сакам да го гледам со години останува Бразил. Тие импресивно ги добија квалификациите во Јужна Америка, кои според многумина се најтешките. Секако, сите се прашуваат дали Аргентина со Меси може да стигне до посакуваниот трофеј. Останува да видиме, но сигурно ќе имаме драматично СП“, вели Клинсман.