Top Sport

Клоп: Да знаев дека вака ќе брани, дупло ќе платев за Алисон (Видео)

Ливерпул успеа да се пласира во осмина-финалето во Лигата на шампионите, благодарение на минималната победа над Наполи (1:0). Единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах, но она за што зборува фудбалскиот свет е одбраната на Алисон против Милик во последните секунди од натпреварот.

„Среќен сум и горд. Немам зборови за да го опишам ова. Салах постигна неверојатен гол, а навистина не знам како Алисон успеа она да го одбрани. Ова беше луд натпревар со многу контри, бевме подготвени за ваква игра. УЕФА можеби мислеа дека натпреварувањето ќе продолжи без Ливерпул, но ние се уште сме живи“, рекол менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп и дополнил.

„Да знаев дека ќе брани вака, Алисон ќе го платев двојно повеќе“.

Scroll to Top