Top Sport

Барселона израмнија рекорд во Лигата на шампионите

Барселона, синоќа, ремизираше со Тотенхем (1:1), в последното коло, во фазата по групи, со што успеа да израмни 16 години стар рекорд во Лигата на шампионите.

Натпреварот против Тотенхем беше 29. во низа на „Ноу Камп“, по кој Барселона останала непоразена.

Оваа серија на Каталонците трае од 2013 година. Во наведениот период Барселона победиле 26 пати, а три пати играле нерешено.

Иста ваква низа, во периодот ос 1998 до 2002. година имале фудбалерите на Баерн Минхен.

Scroll to Top